Потребите на децата не престануваат, дури и тогаш кога родителите се соочуваат со развод на бракот

Разводот е стресен, како за родителите така и за децата, кои низ целиот тој процес се соочуваат со голем број емоционални варијации и проблеми. На малиот детски мозок му е многу потешко да разбере зошто е разводот неизбежен дел од нивната семејна приказна, што создава огромен стрес и притисок врз неговата кревка психа.

Во својата книга „Family First: Your Step-by-Step Plan for Creating a Phenomenal Family“, докторот Флај Макгроу, објаснува дека потребите на децата не значи дека ги снемува во оние моменти кога родителите се префокусирани на разводот, туку напротив дека тие драстично се зголемуваат што наложува кон тоа дека децата имаат потреба од дополнително внимание во текот на тој стресен период.

Тој напоменува дека ниту еден родител кој поминува низ процесот на развод не смее, ниту во еден момент, да ги заборави основните потреби на децата во тој период.

– Детето има потреба да биде прифатено ( ова е неговата најголема потреба, со однос на тоа што детето сеуште нема создадено цврст концепт за самото себе и сеуште се формира. Без разлика на новите околности децата секогаш имаат потреба да бидат прифатени, особено поради тоа што многу често кај нив се појавува чувство на вина дека тие се причина за разводот на родителите )

– Детето има потреба да се чувствува сигурно ( Разводот е период во кој што родителите треба максимално да се потрудат детето да се чувствува сигурно без разлика на тоа што постои семејна криза. Без разлика на околностите, авторот на книгата препорачува во рамките на домот да се задржи истото темпо на живот, рутини на обврските и веќе поставените граници. Предвидливоста во очите на децата претставува некој вид на сигурност дека ништо значајно нема да се промени- а се менува реално )

– Детето има огромна потреба да биде ослободено од вината за разводот на бракот, секако доколку ја чувствува ( Некои деца разводот на родителите го прифаќаат многу лично, мислејќи дека се би било поинаку дококу не биле толку гласни, толку палави, со толку големи побарувања и сл. Во овој случај децата разводот го сметаат како казна за нивните “лоши” постапки во минатото. На родителот останува максимално и во секоја прилика да се труди да го разубеди детето во тоа грешно размислување )

– Детето има потреба од стабилен и цврст родител ( Без разлика колку скршено и исцрпено се чувствувате после разводот, детето има потреба од стабилен водач. Не дозволувајте децата да ја приметат вашата немоќ и да бидат загрижени за вас. Направете се што можете да ги убедите дека вие сте сеуште најсилната личност на овој свет )

– Детето има потреба да се чувствува како дете ( Тоа не е тука да ги зацели раните на родителите. Тоа не е тампон зона помеѓу двата родитела кои сеуште си префрлаат вина еден на друг. Дозволете детето да продолжи да биде дете – не го преоптоварувајте со вашите брачни проблеми )

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk