Почина креаторот на познатите „Киндер јајца“

Објавено на: Jan 02, 2017 од Мама Ане

Создавачот на познатите Киндер Јајца, Вилијам Салис почина на 29 декември во 83 година од животот во Италија.

Салис  во компанијата „Фереро“започнал да работи во далечната 1960 година.

Во седумдесетите години на минатиот век италијанскиот произведувач на чоколадни бомбони се обидел да создаде нешто поинакво од традиционалните чоколадни велигденски јајца.

На тој начин се создало првото Киндер јајце, извор на многу детски радости до ден денес.

Во период подолг од четриесетина години „Фереро“ продал повеќе од милијарда киндер јајца ширум светот.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…