Почитување на партнерот, рецепт за стабилна врска

Објавено на: Dec 22, 2016 од Мама Силвана

Губењето на почит во врската или негово непостоење од првиот ден, е една од најчестите причини за крај на љубовта. Стручњаците велат дека секоја двојка мора да работи доколку сака да има хармоничен однос во кој нема понижување, бес и тага.

Престанете да приговарате

Наместо секој ден да кажувате што ви пречи кај партнерот, бидете понежни во изборот на зборови и моментот за соопштување.

Слушајте се еден со друг

Ако не го слушате партнерот додека ви зборува, како може да очекувате вас да ве слуша. Водете сметка, бидејќи тоа е добра основа за комуникација.

Не ја исправајте секоја ситница

Ако постојано го исправате партнерот во друштво, тоа е израз на непочит. Ако сакате нешто да му кажете почекајте да останете сами.

Заблагодарете се и извинете се

Не е важно што станува збор за некоја ситница или нешто големо, важно е секогаш да му се заблагодарите, а ако нешто погрешите нека не ви биде тешко да се извинете.

Пофалете го

Секогаш постои повод за пофалба, убаво направен ручек, успех на работа. Искористете можност да ја пофалите другата половина.

Не му ја разнишувајте самодовербата

Без разлика дали вашиот партнер се здебелил, оќелавел, лошо облекол не му ја разнишувајте самодовербата со секојдневни критики, туку направете како таков да се чувствува посакувано.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…