Појадокот како извор на бета глукан ветува енергија во текот на целиот ден

Овој вкусен појадок е исклучително богат со сложени јаглени хидрати и бета глукан кој позитивно делува врз одржувањето на оптималното ниво на холестерол во крвта.
Токму затоа овој појадок ќе ви овозможи енергија низ целиот ден.

Потребни состојки:
– едно големо јаболко
– 1 лажица млечен путер
– две лажици овесни снегулки
– малку јогурт
– мед

Начин на подготовка:
На оган растопете го путерот и сосема малку пропржете ги овесните снегулки. Во чаша измешајте го јогуртот со сосема малку мед.
Јаболкото излупете го, исецкајте го и добро изблендирајте го се додека не добиете смеса која наликува на пире.
Во друг сад почнете да ги сипувате продуктите во слоеви и тоа започнувајќи со пирето од јаболко, јогуртот и на крајот овесните снегулки.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk