Правила за квалитетен детски сон

Здавите и продуктивни навики за спиење кај децата се непроценливи за нивниот здрав раст и развој. Правењето промени во секојдневната рутина на децата од страна на родителите со цел да им се овозможи правилен дневен биоритам во голема мера ќе го регулира и подобри сонот кај децата.
Поред научните истражувања на децата од предучилишната воздраст им е потребен околу 11 до 13 часа сон. На децата кои посетуваат основно училиште потребни им се минимум 9 односно 12 часа сон а на тинејџерите околу 8-9 часа.

Подобрувањето на сонот кај детето може да го постигнете доколку ја охрабрите физичката активност во текот на денот. Сепак пожелно е да се избегнува физичка активност кај детето непосредно пред спиење бидејќи на тој начин се постигнува сензитивно пренатрупување кое рефлектира со немирен сон или неможност од брзо заспивање. Попладневната дремка ограничете ја во времетраење од еден час.

Научете го детето дека креветот не е место за игра. Тргнете ги сите играчки од неговиот кревет кога планирате да го заспивате детето.

Многу е важно кај децата да се воспостави рутина на спиење, одредување на приближно исто време кога детето заспива и се буди. Навистина позитивна придобивка е доколку родителите поврзат некои активности со спиењето како што се на пр. читањето на одредена книга, слушање на одредена музика и сл.

Според некои истражувања присуството на зрачење од екраните како што се екраните од телевизорите, мобилните телефони или таблетите во спалната соба значително го намалува квалитетот на сонот кај децата. Затоа е пожелно од собата каде што спие детето да се одстранат апаратите од овој тип и да се заджи слаба светлина.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk