Правилна подготовка на адаптирано млеко за бебиња

 

Доколку околностите не дозволуваат поинаку и ја наложуваат потребата бебето да се храни со адаптирано млеко, педијатрите на запад препорачуваат користење на препарати во кои замената за мајчиното млеко е веќе растворена и спремна за користење.

Најдобро е таквите замени за мајчиното млеко да му се понудат на бебето во чисто шише или чаши за еднократна употреба.
Доколку употребувате адаптирано млеко во прав кое треба да се раствори, тогаш направете го тоа со специјална вода за бебиња или пак со превриена вода која треба да се олади до 50 °C . Растворањето на адаптираното млеко со врела вода ги уништува неговите хранливи состојки. За идеална температура на млекото при консумацијата се смета 37°C. Проверката на топлината на веќе подготвеното адаптирано млеко проверете ја капнувајќи од млекото во пределот на внатрешната страна на подлактицата. Доколку го чувствувате како топло тогаш ќе биде претопло за вашето бебе. Во тој случај оладете го млекото ставајќи го шишето во сад со ладна вода.

Остатокот од адаптираното млеко чувајте го во оригиналното пакување на суво и не премногу топло место.

Адаптираното млеко секогаш треба да биде свежо припремено, непосредно пред хранењето на бебето. Доколку околностите наложуваат да треба да го подготвите млекото во услови надвор од домот тогаш понесете превриена топла вода во термос за да можете да го растворите адаптираното млеко во моментот кога за тоа ќе има потреба.

При подготвувањето на адаптираното млеко рацете треба добро да ги измиете со топла вода и антибактериски сапун.

Шишињата и цуцлите веднаш после употребата треба да добро механички да се измијат со топла вода и детергент за миење садови на 60ºC а потоа и добро да се исушат. Доколку постои можност, стерилизирајте ги шишињата во траење од околу 15 минути.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk