Правилно санирање на рани кај децата

 

Многумина од нас се соочиле со пад на детето кое резултирал со појава на свежа рана. Санирањето на раните кај децата се чини дека е непресушен извор на заблуди. Како постапувате вие во тој случај?

 

1. Штом ќе падне детето, свежата рана прво треба да се измие со вода!
– Не! Водата е лош избор бидејќи ја собира нечистотијата од околината на раната а со неа и бактериите кои многу лесно можат да навлезат преку разранетата кожа во телото на детето.

2. Најдобро е раната да се дезинфицира поливајќи ја со ракија!
– Никако! Не само што ужасно боли туку и нема никаква позитивна придобивка од тоа. Алкохолот е добар уништувач на бактерии но во случајот на свежа рана тој може да предизвика ширење на крвните садови и да го зголеми крварењето.

3. Раната не треба да се допира. Доволно е само да се залепи санитетска лепенка врз неа!
– Погрешно! Нетретирана рана полна со бактерии во никој случај не треба да се покрива. Кога веднаш би ја покриле ризикуваме појава на валжна и топла средина околу раната во која што бактериите би се размножиле и би настанала локална инфекција.
4. Доволно е свежата рана да се попрска со антибиотски прашок!
– Свежата рана треба добро да се исчисти со адекватен антисептички раствор а не со прашок. Откако со антисептичките средства ќе биде целосно исчистена дури тогаш може да се испрска врз неа антибиотски спреј за рани.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk