Првиот плач на бебето веднаш по раѓањето има огромна важност

Додека е во матката, белите дробови на фетусот се полни со течност, потребниот кислород бебето го добива од мајката преку постелката. Од моментот кога папочната врвка ќе созрее се намалува дотокот на кислород но тоа не значи дека бебето се бори за воздух.
Поминувањето низ родилниот канал помага течноста од белите дробови да излезе и бебето да почне да дише самото веднаш по раѓањето.

Токму затоа е многу важен првиот бебешки плач, кој е знак дека белите дробови на бебето самостојно се полнат со воздух, односно дека тие функционираат како што треба.

Најчесто, веднаш по раѓањето, лекарите пристапуваат кон вакуумско истиснување на остатокот од течност во носот и устата на бебето со цел олеснување на процесот на самостојно дишење.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk