Првиот час по породувањето бебето треба да биде до мајката

Објавено на: Dec 10, 2015 од Мама Силвана

Бебињата кои се допираат со кожата на мајката по раѓањето, можат подобро самостојно да ја регулираат температурата на телото и подобро да дишат.

Новороденчињата имаат често проблеми со одржување на телесна температура бидејќи немаат изолациски слој на маснотии под кожата кои ја олеснуваат регулацијата на температурата на телото.

Ако бебето не е добро загреано тоа мора да користи повеќе енергија и кислород за да се одржи температурата стабилна. Првиот час од животот на бебето кога мајката го грее со својата кожа се намалува ризикот од хипогликемија.

Допирот кожа со кожа, непосредно по породувањето, им овозможува на мајката и бебето да се запознаат. Мајките во овој случај се чувствуваат посигурно и поудобно и ги исполнуваат потребите на бебето.

Окситоцинот е заслужен за мајчинското заштитничко однесување, а неговото лачење се поттикнува со допир кожа на кожа и со доење.

Бебињата кои по породувањето се одвојуваат од мајката многу погласно плачат и така гласно протестираат.

Ако бебето во првите часови по породувањето е изложено на бактериите на мајката при допир на кожа со кожа, неговиот имунолошки систем учи како да се бори против бактериите и штити од болести понатаму.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…