Првите искуства бебињата ги доживуваат уште во мајчиниот стомак

Не се грижете ако се чувствувате непријатно разговарајќи со вашиот труднички стомак.
Бебето од ден на ден се повеќе ќе го стимулирате и ќе му помогнете полесно да се привикне на надворешниот свет по раѓањето.

Постојат три основи начини на кои бебето учи додека е во матката.

Првиот и основен начин на учење е изложеноста на искуство

Бебињата ги препознаваат гласовите на членовите на семејството и музиката која ја слушале додека биле во матката. Исто така можат да препознаат и одредени звуци, како звукот на автомобилот и сл.

Вториот начин на учење е навикнувањето на искуството.

На пример, ако непрестојано го навивате часовникот да ве буди во одредено време во текот на бременоста, немојте да бидете изненадени ако вашето бебе се буди на тој звук во приближно исто време и по раѓањето.

На крајот, бебињата во матката учат и преку поврзување на искуствата.

Ако во текот на бременоста сте слушале одредена музика додека сте се релаксирале, многу веројатно е дека и бебето ќе се релаксира токму на истата музика по раѓањето.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk