Првите искуства кои бебињата ги помнат се оние од мајчиниот стомак

Научниците тврдат дека бебињта имаат неверојатна способност за помнење уште од периодот пред да бидат родени.
Првите искуства кои бебињата ги помнат се докажани со помош на едно неодамнешно американско истражување.

Во истражувањето неколку мајки за време на последните шест недели од бременоста имале обврска секојдневно на своите неродени бебиња да им читаат една иста приказна. Откако бебињата се родиле, мајките продолжиле да им читаат. Од почетокот мајките продолжиле со истата приказна што ја читале пред тие да се родат. За тоа време бебињата не покажале никава реакција на мајчината приказна.

Но подоцна, мајките почнале да им читаат различни приказни. Во првиот момент, кога мајките ја промениле приказната, повеќето од бебињата го промениле изразот на лицето, се концентрирале на мајчините зборови и појако цицале доколу во тој момент биле на дојката.

Реакциите биле исти доколку истата приказна што ја слушале додека биле во стомакот ја чита некој друг а не нивната мајка.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk