Првото писмо за мојата мамичка

Јас се родив. Поминаа само неколку дена откако се запознавме.

Всушност, ако размислам подобро ние веќе одамна се познаваме. Веќе девет месеци се чувствуваме еден со друг, јас тебе преку твојата загриженост, незадоволство, среќа… а ти мене преку моите движења.

Конечно се сретнавме моја мамичке. Дали можеби средбата со мене те разочара малку? Добро, признавам, јас не изгледам како оние буцкасти, плавооки симпатични бебиња што ги гледаше на сликите дури беше бремена и се прашуваше како ќе изгледам. Можеби не сум баш такво бебе, но сум твое бебе, најдоброто бебе, знам и најсакано бебе.. Ред е да го почнеме нашиот заеднички живот.

Да се запознаеме. Пред нас е долг период во кој што ќе откриваме секој ден нови нешта еден за друг. Мораме да бидеме трпеливи. Знам дека понекогаш нема да умееш да го препознаеш мојот плач или ќе ми се налутиш.Можеби понекогаш ќе се чувствуваш виновна затоа што не си во можност да разбереш што се случува со мене. Но повторно ќе те замолам- биди трпелива. Ќе ме запознаеш, ќе знаеш се за мене како што никој друг на светов никогаш што нема да знае, доволен ќе биде само поглед и ти веќе ќе знаеш дали сум среќно, тажно, што ме мачи… Јас ќе научам како да те запознаам преку топлината на твојата прегратка, со помош на твојот милозвучен глас. Ти мамичке си таа што ќе ми помогне да го запознаам светот околу мене. Особено во првите шест месеци од мојот живот ти си целиот мој свет. Затоа мамичке, гушкај ме и зборувај ми, и тоа ми е потребно исто колку што ми е потребна и храната. И на двајцата ни е потребно само време. Затоа мамо не се грижи без потреба.

Немој да се нервираш и да се разочаруваш ако кога ме земеш во прегратка за да ме надоиш јас веднаш не успеам да се снајдам. Биди трпелива. Запознај го мојот ритам. Ако гледаш дека не ми оди добро дозволи ми за момент да се одморам на твоите топли гради додека ме гушкаш. Мене си ми потребна ти мамо.

Во првите неколку дена откако сме дојдени дома има многу луѓе кои ти велат и те подучуваат што е правилно и добро за мене. Мене не ми се потребни сите тие луѓе, мене си ми потребна само ти и мојот татко. Иако е збунет и неспретен дозволи му да биде со мене. Неговата неподготвеност не ми пречи. Колку што порано ќе го запознаам толку побрзо ќе сватам дека сум дел од едно прекрасно семејство.

Знам јас мамо, ќе има премногу препреки и проблеми. Никој никогаш не положил курс кој што го научил како да биде успешен родител, иако сите тоа го посакуваат. Прв чекор за да го оствариш тоа е да бидеш подготвена да ме слушнеш, да ме запознаеш и да ме прифатиш такво какво што сум се родило.

Јас сум тука на целата твоја љубов да возвратам со насмевка, слатки бакнежи и интересни цртежи на кои што си ти насликана.

Мамо, те сакам!

 

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk