Предвремен распуст на учениците во Тетово поради екстремното загадување

Објавено на: Dec 16, 2015 од Мама Силвана

Општина Тетово донесе одлука да се прекине наставата во градинките, основните и во средните училишта, поради екстремното ниво на загадување на воздухот. Настава нема да има до крајот на првото полугодие.

Оваа одлука е донесана по бојкот и протест на учениците поради екстремното аерозагадување во Тетово.

– Донесовме одлука наставата да биде прекината до крајот на првото полугодие, а во меѓувреме Општина Тетово и понатаму ќе ги спроведува мерките за намалување на загадувањето. Ќе се мијат улиците со калциум магнезиум ацетат и ќе продолжиме со воведување зонско паркирање во градот. За наредната година ќе го ставиме во функција и претпријатието за јавен транспорт – изјави градоначалничката Теута Арифи.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…