Премногу алкохол нанесува штета на сперматозоидите

Едно од честите прашања поврзани со неможноста да се зачне е дали е во ред мажот да конзумира алкохол во периодот кога парот се обидува да добие дете?

Познато е дека доколку жената конзумира алкохол во текот на бременоста ризикот од фетален алкохолен синдром кај фетусот е доста голем.

Иако тоа не може да се случи кога мажот конзумира алкохол сепак е забележано негативно влијание на алкохолот врз квалитетот на неговата сперма.

Според истражување спроведено врз стаорци, во 1994 година, научниците дошле до заклучок дека шансите за забременување се намалуваат сразмерно со постојаноста и количината на конзумиран алкохол од страна на мажот. Освен тоа, се наведува дека доколку се случи зачнување, повеќето од децата имаат значително намален имунолошки систем, помали се во раст и подоцнежно развиваат психо-социјални потешкотии во комуникацијата.

Генерално, се додека е ограничено и повремено конзумирањето на алкохол од страна на мажот не води до посериозни проблеми во однос на забременувањето, но пожелно е да се елиминира неговиот внес со цел да се зачне здрав фетус без ризик од појава на абнормалности во текот на развитокот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk