Премногу играчки-премалку фантазија

Најнапред потсетете се на вашето детство- колку играчки сте имале вие кога сте биле мали и дали сте добивале баш се што ќе посакате?
Сигурно сите ќе одговориме различно, но мора да признаеме дека бројот на играчки тогаш бил драстично помал од бројот на играчки што децата ги имаат сега.

Дали е тоа добро или лошо?

Од една страна навистина е убаво да му се купи на детето тоа што ќе го посака бидејќи во продавниците за играчки навистина изборот на играчки е неверојатно голем и разновиден.

Од друга страна пак имањето на премногу играчки околу детето може да има и негативни страни.

– Ако детето има премногу играчки кај него може фантазијата поспоро да се развива. Убаво е кога една играчка со помош на детската фантазија и иновативност ќе добие повеќе намени.
– Детето што има многу играчки секогаш ќе сака уште повеќе. Тоа е постојано во потрага по нешто ново затоа што играчките што веќе ги има брзо му досадуваат. Малку ќе си поигра со една, па потоа малку и со друга играчка што придонесува брзо да ги изигра многуте играчки и секако да бара нови.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk