Премногу шеќери ја успоруваат функцијата на мозокот кај децата

Истражувањето спроведено на Универзитетот УКЛА сугерира дека конзумирање на преголема количина на шеќери го успорува процесот на функционирање на мозокот како и помнењето , отежнувајќи го учењето кај децата.
Во групата на шеќери кои најлошо делуваат врз функциите на мозокот се пченкарниот скроб во комбинација со фруктоза како и користењето на сахарозата.

Проблемот лежи во фактот што скоро во сите индустриски намирници при нивната преработка се додава сируп составен од овие две состојки ( од лебот, соковите до кечапот )

Иако долгорочното и често конзумирање на храна богата со шеќери влијае врз учењето и помнењето, овој негативен процес може значително да се неутрализира со додавање на омега 3 масни киселини во храната.

Истражувањето докажало дека извесен број од испитаниците развиле инсулинска резистенција кога при обемно конзумирање на шеќери се додало и омега 3 масни киселини во исхраната.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk