Препознајте ги симптомите на синузитот

Најчестите симптоми кои се манифестираат при постоење на синуситис се пред се затнатиот нос, честата секреција на слуз од носот, чувство на притисок и болка во синусната регија.

Понекогаш тие симптоми се пропратени и со зголемена телесна температура, замор и исцрпеност, како и главоболка.

Ако станува збор за потежок случај како можни компликации се појавуваат и болките во увото и во вратот, забоболка, губење на чувството за мирис и солзење на очите.

Синузитисот обично се лекува со антибиотици, деконгестанти и таблети против болка. Се препорачува и инхалација, користење солена смеса што се втрива во носот, навлажнувачи на воздухот и топли облоги што се ставаат на болните места.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk