Препознајте кога бебето покажува подготвеност за премин кон цврста храна

Светската здравствена организација ги советува мајките да ги дојат своите бебиња минимум шест месеци ( доколку секако останатите услови го дозволуваат тоа ).

Со воведувањето на дохрана не е препорачливо да се брза, особено доколку бебето не е на вештачка формула како замена за мајчиното млеко. СЗО препорачува доколку детето покаже подготвеност за премин кон цврста храна тоа да не биде порано од 20 недела од живото на бебето, односно најдобро е со воведување на цврстата храна да се започне во периодот од 5 до 6 месец.

Прераното воведување на црвста храна во исхраната на бебето може да предизвика подоцнежни појави на бројни алергиски реакции.

Според однесувањето на бебето може да заклучите дека тоа е подготвено за воведување на кашички во неговата исхрана:
– бебето седи самостојно
– ги става рачињата во уста
– ве набљудува додека јадете
– покажува знаци дека е гладно и после млечниот оброк

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk