Препознајте кога хормонот на стрес во вашето тело е на високо ниво

Нема сомнеж дека секојдневните проблеми предизвикуваат зголемување на нивото на стрес, причина повеќе надбубрежните жлезди да се активираат во излачувањето на хормонот на стрес наречен кортизол.
Многубројни истражувања докажуваат дека високото ниво на овој хормон во организмот на човекот може да биде тригер за многу здравствени проблеми, пред се депресија, дијабетес, кардиоваскуларни заболувања, лошо помнење, хроничен замор, гојазност и сл.

Најчестите знаци со кои организмот крева црвено знаменце во знак на предупредување дека нивото на кортизол е до небо се:

– често шкрипење со забите ( дури и во сон )
– грицкање на ноктите
– постојана борба со габични инфекции
– раздразливост без голема причина
– потиштеност како редовна состојба
– неможност да се контролира нагонот кон слатките и храната воопшто
– лошо варење на храната и подуеност во стомакот
– цревата никако не можат да се средат, или постои честа дијареа или затвор
– предменструалниот синдром може да биде пекол
– редовни грчеви, болки и слабост во мускулите
– сексот не е интересен како порано
– почесто разболување и потешко заздравување од болеста
– намуртеното лице може да стане навика
– уморот никогаш не ве напушта
– кожата се бори со акни
– главоболкиите се почести од два пати во текот на една недела
– дишењето е забрзано и плитко
– срцевите отчукувања се зголемени
– уживање во храната дури и кога не постои глад
– отсуство на способноста за концентрација
– интензивно чувство на малаксаност и тромавост

Ако можете да се препознаете во повеќе од пет од горенаведените симпотми, тогаш можеби е дојдено време е да побарате помош.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk