Препознајте ја главоболка кај децата поради синдормот “уморни очи”

Ако сте забележале дека вашето дете се жали на главоболка по период на подолго гледање на телевизија, или пак додека учи и чита сигурно сте забележале и дека често таа главоболка поминува кога детето ќе се одмори и ќе помине време во квалитетен сон.

Оваа главоболка често се манифестира и во периодот откако детето ќе си дојде од училиште.

Доколку ова ви е познато тогаш е време со своето дете да посетите очен лекар, затоа што голема е веројатноста да постои тн.синдорм на уморни очи.

Кога постои синдромот на уморни очи, главоболката се појавува како последица на постојаното напрегање на мускулите на окото кои се обидуваат да го изострат видот.

Главоболката која најчесто е пропратена со притисок околу очите и челната регија во овој случај е само пропратен симптом кој укажува на можна потреба од диоптер.

Со одредување на диоптрија и набавка на ултра модерни очила главоболката ќе биде минато.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk