Препознајте ја детската анемија

Објавено на: Dec 30, 2016 од Мама Ане

Намалената концентрација на хемоглобин доведува до медицинска состојба која се нарекува анемија.

Што всушност се случува во телото кога постои недостаток на железо?

Преку железото кислородот се пренесува до секоја клетка, а поради постоење на ниска и недоволната количина на железо, постои потешкотија во процесот на снабдување на ткивата со кислород.

Бледилото на кожата е еден од најочигледните знаци кои што укажуваат на постоење на анемија кај детето.

Децата со анемија имаат бледа кожа, бледи непца, бледило на видливите лигавици , имаат намален апетит, се чувствуваат изморено и без да има голема причина за замор и лесно се разболуваат поради намалениот имунолошки систем што многу често како состојба ја следи анемијата.

Останати симптоми кои што се сметаат за заеднички за неколкуте видови на анемични состојби се поспаност,зуење во ушите, намалена концентрација, мачнина, пролив или запек и вртоглавица.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…