Препораки за безбедно спиење на детето во семејниот кревет

За тоа дали детето уште од најрана возраст треба да спие во ист кревет со родителите или во сопствено креветче мислењата се секогаш поделени. Но овој пат нема да зборуваме за тоа.
Спиењето на детето во ист кревет со родителите во многу семејства е добродојдена и широко прифатена алтернатива на детските креветчиња и лулки, но при тоа ќе се согласиме дека треба да се внимава на безбедноста на детето во текот на ноќта. 
Кејт Алисон, авторката на книгата Attachment Parenting: Instinctive Care for Your Baby and Young, смета дека нема ништо лошо во тоа детето да спие во ист кревет со родителите, особено доколку е мало.

Според неа, заедничкото спиење ја зацврстува врската помеѓу младите родители а на малото дете му овозможува чувство на сигурност и емоционална потпора.

Истовремено, таа во својата книга ги дава следниве препораки за сигурност и мерки за безбедност:

– Доколку спиете на повисок кревет, уверете се дека вашето дете нема начин да падне од креветот во текот на ноќта
– Уверете се дека вашиот душек е доволно цврста подлога за спиење ( никогаш не дозволувајте детето да спие на воден кревет или на мека подлога со полнење од пердуви, воздух или мек сунгер )
– Многу малите деца не треба да спијат помеѓу родителите. Најдобра опција е да спијат помеѓу мајката и ѕидот или заштитната ограда од другата страна.
– Немојте да спиете во ист кревет со детето доколку сте под влијание на антидепресиви, алкохол или други препарати кои влијаат на свеста, односно цврстината на сонот
– Уверете се дека детето не е премногу облечено. Имајте во предвид дека телесната температура во семејната постела заменува дел од облеката и прекривките кои би се користеле доколку детето спие само.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk