Прераното воведување на кравјо млеко во детската исхрана е ризик за појава на дијабетес

 

Многу досегашни истражувања го поврзуваат развојот на дијабетес тип 1 кај детето со хранењето на детето со кравјо млеко уште во најраната возраст.

Имено, едно финско истражување укажува на фактот дека воведувањето на производите од кравјо млеко во раната возраст и големата консумација на млеко во текот на раното детство предизвикува зголемување на нивото на антителата од кравјото млеко во детскиот организам.

Од друга страна пак, овој факт е поврзан со зголемувањето на ризикот за развој на дијабетес зависен од инсулин во текот на животот на детето.

Доењето значително помага во намалување на ризикот од појава на дијабетес тип 2.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk