Претворете ги пластичните шишиња во преслатки мали куклички

Искористете дел од своето слободно време и поттикнете ја креативноста и фантазијата на децата преку заедничката изработка на фантастични куклички од пластични шишиња.
За изработката на куклите ќе ви бидат потребни:

– пластични шишиња
– пинг понг топчиња
– маркери
– лепак
– волница
– колаж

Одлепувањето на етикетата од пластичното шише е првиот чекор.

Залепете го пинг понг топчето на местото каде што стоело капачето.

Целата површина на шишето премачкајте ја со лепак, а потоа користејќи хартија во боја, волница и слични материјали декорирајте го телото на куклата.

На пинг понг топчето исцртајте го лицето и залепете волница на местото на косата.

Секако, не заборавајте да уживате во времето поминато во друштво на вашите дечиња.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk