Претераната грижа им штети на децата

Претераната родителска грижа, може да доведе до депресија кај децата, тврдат британските психолози. Тие кои се навикнале да добиваат се што ќе посакаат без никаков труд, мислат дека имаат право на се, но не знаат како тоа да го постигнат, бидејќи не ги совладале вештините на постигнување на цели.

Затоа, децата треба да се поттикнуваат што почесто и посамостојно да ги решаваат своите проблеми и не треба секогаш да се штитат од некои мали разочарувања, истакнуваат стручњаците.

Родителите секогаш треба да покажат разбирање за нивните проблеми и да им пружат морална поддршка но и да го поттикнат развојот на нивните способности за надминување на пречките.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk