Претераната грижа создава несигурност кај детето

Квалитетот на емоционалната врска помеѓу мајката и детето го одредува односот што подоцнежно ќе го развие детето како кон самото себе така и кон околината.

Начелно е точно, иако не во потполност, дека постои поврзаност помеѓу начинот на кој што ние сме воспитани и начинот на кој што ние ги воспитуваме нашите деца.Таа релација се огледува во начинот на емоционално прифаќање, во отфрлувањето, потребата за преголема заштита на децата и недоследностите.

Мајката која во својот стил на воспитување вклучува топлина, разбирање и милост била воспитувана од нејзината мајка во стил на емоционално прифаќање. Во денешницата, многу се чести примерите каде во беспрекорно средени домови акцентот во воспитувањето е ставен на дисциплината , хигиената и работните обврски. Тие мајки отсликуваат ладна личност и во околината делуваат како дистанцирани мајки. Тие понекогаш делуваат нервозно и несигурно и се постојано вклучени во случувањата на децата.

Претераното внимание кон детето ја нарушува можноста за стекнување и јакнење на неговата сопствена иницијатива и ентузијазам. Децата на таквите мајки често стануваат болежливи, трапави и несигурни со цел да изнудат дополнителен емоционален контакт од мајката кој обично е пропратен со напнатост.Несигурната мајка  со претераната грижа создава емоционално зависно и несигурно дете кое целата своја енергија наместо во изградба на сопствениот идентитет и самостоен развој ја користи во измислување стратегија како да го обезбеди мајчиното внимание.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk