Претераната хигиена може да биде штетна за здравјето на детето

На сите нам ни е познато дека нормалното одржување на хигиена, доволно сон и здрава храна се важни сојузници за здрав раст и развој на децата.

Денес скоро во секој маркет може да се најдат антибактериски сапуни, лосиони, гелови и антибактериски влажни марамчиња кои што често се употребуваат пред се поради се поголемата свесност за постоењето на бактериите во просторот околу нас и желбата да ги заштитиме најмалите од нивното штетно влијание и последици по здравјето.

Сигурно ако ве прашаат дали ќе му дозволите на детето да си игра во песокот, да става во уста играчки со кои претходно си играло друго дете или пак да касне нешто што му паднало на земја, повеќето од вас родителите ќе речете не!

Сепак, се почесто лекарите велат дека умереното изложување на микроорганизми на детето не е штетно, напротив може да биде корисно во градењето на јак имунолошки систем. Постои начин како да се огранични изложеноста на детето на микроорганизми, а истовремено да им се овозможи развој на имунолошкиот систем на оптимален начин. Наместо да ги ограничувате движењата на децата научете ги како правилно да ги мијат рацете. Научете ги децата да ги мијат рацете со топла вода, добро да ги насапунат рацете и да ги тријат местата помеѓу прстите.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk