Претопло и преладно преку ноќта-како да го облечете детето за спиење

Ако сте во недоумица дали на детето му е претопло или преладно во текот на ноќта тогаш фатете ги неговите раце и нозе и според нивната топлина ќе добиете одговор на прашањето, ако му се ладни рацете или нозете најверојатно на детето му е ладно и обратно.
Ако детето е испотено по вратот и косичката тоа значи дека во просторијата каде што спие е претопло или пак дека сте претерале со облекувањето и покривката.

Најдобра опција за облека во текот на ноќта е едноделната или дводелната памучна пижама без дупли слоеви на долги ракави или да спие во вреќичка за спиење чија што дебелина е прилагодена на собната температура ( зависно од возраста )

Доколку темепературата во собата во текот на ноќта не паѓа под 20 степени не го покривајте детето со дебел јорган, односно не го ставајте во вреќичка за спиење со дебело полнење. Доволна е обична памучна прекривка – ќебе или памучна ( фротирска ) вреќичка без дополнително полнење.

Исто така, лекарите не предложуваат собата дополнително да се загрева во текот на ноќта затоа што тоа може да го исуши воздухот што на децата им го отежнува дишењето преку ноќ. Ако сепак се одлучите да ја загревате собата дополнително и во текот на ноќта тогаш за да го избегнете сушењето на воздухот користете јонизатор.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk