Придобивките од лубеницата

Лубеницата е една од причините што на повеќето летото им е омилено годишно време. Сочна и слатка, лубеницата е еликсир и чувар на здравјето.

Лубеницата може да направи многу повеќе отколку што знаеме и мислиме:

Ви откриваме 9 важни благодети на ова слатко овошје.
Поубава кожа

Благодарејќи на високата количина на витамин А и C, кожата останува здрава, а ќе ве штити од штетните UV зраци.

Поубава коса

Нема само кожата да има корист од лубеницата! Косата ќе ви биде побујна, а опаѓањето ќе се намали.

Го подобрува здравјето на срцето
Лубеницата е полна со цитрулин, аминокиселини. Во телото се претвора во аргинин и ги опушта крвните садови. Со тоа се подобрува протокот на крв.

Го подобрува работењето на бубрезите
Лубеницата испорачува доста течности до бубрезите и бешиката – што е важно за изнесување на токсините и отпадните производи.

Го подобрува видот

Богати се со бета-каротен, што е добро за видот.

Го подобрува здравјето на коските
“Јаките коски се добиваат од млекото”, не учеа родителите. Меѓутоа, за коските е здрава и лубеницата. Како и доматот, и лубеницата содржи ликопен, кој го смалува развојот на остеопороза, а високата концентрација на калциум, ги чува коските и зглобовите.

Го намалува крвниот притисок

Зголемениот крвен притисок доведува до зголемен ризик од мозочен удар или срцев удар. Со конзумирањето на лубеница тоа може да се спречи. Тоа е поради цитрулин амино киселините, кои се наоѓаат во големи количини во лубеницата и кои ги опуштаат крвните садови и ја подобруваат циркулацијата.

Добра е за мускулите
Лубеницата го поттикнува рехабилитирањето на мускулите после тренинг.

Спречува рак на простата

Не само што ја зајакнува машката потенција, благодарејќи на лубеницата, можете да спречите и развивање на канцерогени заболувања на простатата.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk