Придобивките од мајчиното млеко

Мајчиното млеко е единствена и незаменлива природна храна за доенчето, а доењето е единствен и незаменлив предуслов за негов правилен емотивен и физички развој. Ги содржи сите хранливи материи кои се потребни за правилен раст и развој на бебето. Антителата содржани во мајчиното млеко го зголемуваат имунолошкиот систем на бебето.

Мајчиното млеко е посебно корисно за децата кои се родени предвреме, како и за близнаците, тројките или повеќе деца родени во исто време. Полесно се вари отколку вештачката храна и е посебно препорачливо за предвремено родените бебиња бидејќи имаат помали и покревки желудници и црева. Доколку не можете да ги доите вашите бебиња, треба да се измолзите со специјален апарат за таа намена и да му го дадете млекото на бебето во шише со цуцла.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk