Примарен аутизам – симптомите се видиливи уште во доенечкиот период

 

За разлика од секундарниот аутизам, кој се јавува по извесен период на уреден развој кај детето, симптомите на примарниот аутизам се забележуваат многу порано, уште во периодот по третиот месец од животот на бебето.
Во групата на основни симптоми на примарниот аутизам се сместени:

– бебето има неочекуван тонус на мускулите, најчесто круто држење на телото
– не ја следи со поглед мајката во текот на галењето, доењето, бањањето и сл.
– насмевката кај бебето со примарен аутизам е многу ретка појава
– бебето не е весело и љубопитно
– Наместо централен се развива периферен поглед и најчесто родителите приметуваат дека бебето не ги гледа
– На многу звуци реагира со страв, а на гласот на родителите не реагира никако
– Сетилниот развој е успорен

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk