Примена на стоматолошка анестезија во текот на бременоста

Во текот на бременоста секоја жена треба да внимава при земањето на било какви лекови, односно задолжително пред нивното земање да се консулитра со лекар.

Истото важи и за примањето на локална анестезија, која треба да се избегнува во текот на првите три месеци од бременоста кога фетусот е најчувствителен на надворешните влијанија.

Не постојат докази дека локалните анестетици во стоматологијата во умерени количини се штетни за фетуст. Големите количини на анестетик се особено штетни во третото тромесечје од бременоста, односно непосредно пред крајот на терминот за породување.

Стоматолозите секогаш се одлучуваат за користење на минимални дози на анестетик кои ќе осигураат безболност а нема да наштетат на плодот.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk