Природата го намалува стресот кај децата

Кога децата се дома, во поголем дел од времето седат. Седат и на училиште и во градинка. Престојот надвор на широко отворени површини, ќе им овозможи правилно да ја развиваат мускулатурата, но и за многу други работи. Им помага да одржат добра густина на коските, да имаат нормален крвен притисок и да го намалат ризикот од краток животен век.

Децата се склони да стојат и да се движат на отворено, а истражувањата покажуваат дека детските тела се помобилни кога задачите ги извршуваат надвор.

Исто како и кај возрасните, и кај децата гледањето во зелена површина им го намалува стресот. Истражувањата покажуваат дека одредени случувања во животот, предизвикуваат помали психолошки пореметувања ако човек е опкружен со природа.

Секојдневното шетање па макар и кратко, исто така позитивно влијае и врз хиперактивните деца, затоа што надвор тие обрнуваат повеќе внимание отколку внатре.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk