Природен лек од мед и ананас против воспалено грло

Лековитите својства на ананасот пред се доаѓаат од бромелаинот кој спаѓа во  групата на ензими со силно антивоспалитено дејство.

Клиничките испитувања потврдиле дека бромелаинот од ананасот ги ублажува воспаленијата и го намалува отокот при акутните воспаленија на синусите и грлото.

Ако чувствувате болка во грлото не се двоумете да ги искористите благодетите на овој природен лек од мед и ананас.

Неговата подготовка е многу едноставна, а олеснувањето ќе го почувствувате веднаш.

Едно  парче ананас ставете го во малку вода да се вари. Потоа оставете ја течноста да се излади и додадете една лажица багремов мед.

Чувајте ја течноста во грлото околу две минути, по што може да ја проголтате. Постапката можете да ја повторувате неколку пати дневно.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk