Природен лек против кашлица

Со помош на овој домашен сируп сопрете ја кашлицата веднаш и вратете ја енергијата на телото. Ловоровиот лист е ефикасен за сува кашлица и дава посебен вкус.

Состојки:

6 листови ловор

250 мл вода

6 лажици кафеав шеќер

1 лимон

Подготовка:

Во сад сварете ја водата, додадете го ловоровиот лист и поклопено варете десетина минути. Потоа извадете ги листовите лoвор и смесата ставете ја во стаклен сад.

Во смесата додадете ги кафеавиот шеќер и исцедете цел лимон. Откако сте измешале се, почекајте шеќерот да се истопи. Пијте по една лажица од овој сируп, неколку пати дневно.

Можете да го чувате во фрижидер неколку дена. Користете го топол и ладен.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk