Природен лек против отоци на нозете

Секако, за причинителите на оваа медицинска појава треба да се консултирате со лекар. Имено, отоците на нозете може да настанат од повеќе причини: проблеми со крвните садови, бременост, срцева инсуфициенција, хормонални пореметувања и др.

Народната медицина како најефикасен лек против отоците го смета токму магдоносот.

Овој природен лек против отоци се подготвува многу едноставно.

 

Најпрвин се мие магдоносот ( се користи со се корен, односно целата билка) и се става во шише од термос каде што има топла вода, околу 500мл.

Се остава да стои цела ноќ. Наутро треба да се исцеди.

Тоа е лекот кој ќе треба да се пие три пати на ден.

Се пие два дена, па се прави пауза од три дена и повторно се прави нов и се пие уште два дена.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk