Природна влажност на кожата

Внесувањето на доволна количина на вода во текот на денот секако дека е многу важно за општото здравје на организмот. Сепак овој чин сам по себе не е доволен за да спречи појава на сува кожа на телото.
Кожата, како најголем орган во човековото тело е способна самата да ја одржува хидратацијата на соодветно ниво. Најголемиот извор на вода се наоѓа во подлабоките слоеви на епидермисот.

Водата преку крвните садови се пренесњува во погорните слоеви на кожата.

Тие микроскопски мали канали по кои што се движи водата и го регулираат нејзиниот пренос се нарекуваат аквапори. Тие воспоставуваат еден цел мрежен систем во слојот веднаш над епидермисот. Колку е подобра нивната структурна поставеност толку повеќе вода ќе биде дистрибуирана во кожата.

Овозможување на оптималната хидратација на кожата исто така е во директна зависност од способноста на кожата да го задржува остатокот на влага во внатрешноста на телото.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk