Природни замени на хемиските средства за чистење

Поголемиот број од средствата за чистење имаат јак и непријатен мирис. Истите тие можат да бидат опасни доколку дојде до нивно мешање, особено ако амонијакот во составот на некое средство за хигиена се помеша со хлор и сл.
Природата се погрижила да најде соодветна замена за повеќето од нив, и на тој начин да го заштити нашето здравје.

Сокот од лимон е идеален за елиминирање на наталожена рѓа и нечистотија на пластиката. Одличен е и за тврдокорни дамки на дрвениот мебел, особено доколку дамките се појавиле како резултат на долготрајна поставеност на едно исто место не некој уред ( пр. телевизор )

Нечистотиите од дрвениот мебел, исто така може да ги отстраните со помош на орев. Истријте ја дамката со половина јатка орев но внимавајте местото да биде суво.

Прашокот за пециво искористете го за да ги исчистите чешмите и садоперот. Брашното е идеално за полирање на сите хромни површини во кујната и тоалетот.

Газираните пијалоци може да ги искористите за елиминирање на каменецот во вц школката. Сипете од пијалокот и оставете да делува половина час, потоа исплакнете.

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk