Природни сокови за зајакунвање на имунитетот

Најздравиот начин да го ревитализирате вашето тело со витаминска бомба е преку природен домашно исцеден сок.

Свежите сокови од овошје го чистат организмот од насобраните токсини, а соковите од зеленчук го регенерираат, додека заедно го зајакнуваат имунитетот.

Потребен е само соковник и добра волја, па чашата на здравјето ќе биде и чаша на задоволство.

СОК ОД ЈАБОЛКО

Сокот од јаболко содржи пектин кој ги чисти црниот дроб и цревата и ја обновува цревната флора. Ги апсорбира отровите од цревата и со тоа го олеснува прочистувањето на крвта и кожата, а исто така го подобрува и излачувањето на мокрачната киселина. Благодарение на изобилното количество витамини и минерали, сокот од јаболко ги чува срцето и крвните садови и го намалува нивото на холестерол во крвта.

Сокот мора да биде 100% чист, без додаток на шеќер.

СОК ОД МОРКОВ

Сокот од морков содржи бета каротен, фолна киселина, витамини Ц, Б и Е (наречени уште и витамини на младоста), калиум, фосфор, магнезиум, калциум, па морковот е идеален помошник за зачувување на убавината на кожата, ноктите и косата. Богат е и со витамин А, кој го стимулира растот на клетките и нивната делба, ја нормализира размената на материите и хемиската рамнотежа во организмот, го зголемува имунитетот и го подобрувавидот.

Препораки: Бидејќи во сокот од морков има доста шеќер, не треба да се пие во големи количини и најдобро е да се разреди во однос 1:1 со вода или со сок од друг зеленчук или овошје.

За освежување на организмот: во соковник се цедат два моркова, едно јаболко и парче целер.
За зајакнување на организмот: во соковник се цедат два моркова, две цвекла и еден лимон, а се додава малку магдонос, една лажичка сусам и една лажичка матичен млеч.
Се препорачува за пушачи за блокирање на канцерогените материи присутни во цигарата.

СОК ОД ДОМАТ

Сокот од домат содржи многу ликопен, кој штити од рак и од болести на срцето, но и ја штити кожата од штетните влијанија на УВ зрачењето. Исто така, содржи витамини Ц и Е, па се користи и за релаксација на нервите.

Се користи чист сок од домат или разреден во однос 1:2 (еден дел чист сок и два дела вода).

СОК ОД ЗЕЛКА

Листовите на зелката содржат калиум, сулфур, железо, калциум и селен, кои штитат од рак, но и делуваат позитивно на желудочната и цревната слузокожа и спречуваат појава на чир, а ако тој веќе постои, влијаат поволно. Сокот од зелка изобилува со витамини Ц, Б и Е и провитамин А.

Препораки: Сокот од зелка има силен вкус, па се препорачува да се консумира со сок од јаболко или морков. Сличен состав има и келот, па може да се користи како замена на зелката.

СОК ОД КОМПИР

Изобилува со витамини Ц, Б и К, како и со минерали калциум, калиум, железо и магнезиум. Поволно делува на органите за варење. Помага при хроничен гастрит, киселини, гасови, колитис, опстипација (нередовна столица).

Препораки: Може да се користи во комбинација со сок од зелка или морков. Важно е сокот од компир да се пие кога компирот е зрел и тоа од јули до февруари, бидејќи по тој период во ‘’ркулците и зелената лушпа се насобира отровна материја соланин.

СОК ОД ЦВЕКЛО

Содржи многу витамини и минерали, пред сè фосфор, калиум и сулфур, кои се битни за создавање на еритроцитите. Исто така содржи и магнезиум, па го зајакнува и нервниот систем. Поволно влијае на нарушен менструален циклус, климактерични тегоби, ревматизам и покачен крвен притисок. Одлично го прочистува организмот од отровни материи.

Препораки: Сокот од цвекло треба да се чува во фрижидер 3 часа пред употреба, бидејќи содржи супстанци кои предизвикуваат мачнина, а со чување во фрижидер тие супстанци исчезнуваат. Се препорачува да се пие по една чаша сок од цвекло дневно и тоа навечер.

Комбинација на сок од цвекло, јаболко и лимон во однос 1:3:1 одлично му годи на секој организам.

ОПШТИ ПРЕПОРАКИ

Соковите се подготвуваат од добро измиени свежи плодови и зеленчук.
Повеќето од плодовите не се препорачува да се лупат, бидејќи најголем дел од драгоцените материи се наоѓаат во лушпата.
Исцедениот сок се пие веднаш и не треба да се става во фрижидер (со исклучок на сокот од цвекло).
По употреба соковникот се чисти веднаш и темелно.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk