Природно или глума-која врска успева повеќе

Објавено на: Dec 29, 2016 од Мама Ане

Правила…правила… Се чини дека има се повеќе и повеќе правила дури и во љубовта отколку што има спонтани реакции.
Многумина мислат дека не е едноставно само да поминеш време со личност за која сте заинтересирани, бидејќи без вистинска тактика таа личност многу брзо ќе го загуби интересот за вас. Некои од нас ќе речат дека воопшто не се согласуваат со ова, но од друга страна пак, замислете си само како се ќе заврши ако пристапиме кон саканата личност потполно природно, без ниту малку глума?

Истражувањата за социјалните меѓучовечки односи велат дека дури и на тие личности кои се одлучуваат да не го покажат своето вистинско лице на почетокот понекогаш им се смачува од играњето топло-ладно и применувањето на сите тие правила.

Сите оние кои што го прифаќаат играњето на љубовните игри треба да знаат дека неопходно мораат да бидат подготвени и на можноста дека можеби ќе изгубат. Претераното глумење на недопирлива личност може да ве лиши од времето на уживање во се што љубовта може да го донесе со себе.

Убаво е да се чувствуваме посакувано, зарем не, но никогаш не смееме да дозволиме тоа да биде поради погрешни причини. На крајот, ако тој е вистинскиот за нас, тогаш ќе не сака без разлика на се, токму онакви какви што реално сме.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…