Причини за намален апетит кај децата

Објавено на: Jan 03, 2017 од Мама Силвана

Постојат повеќе причини за намален апетит кај децата, а меѓу нив е и периодот меѓу забрзаниот раст. На децата не им треба многу храна како кога интензивно растат.

Ако хранат е еднолична и не е прилагодена на степенот на развој исто така влијае врз намалениот апетит. Можеби на детето му  е доста од подојување и шишенца, или има проблем со премин на цврста храна.

Лошо искомбинирани оброци и ужина како и лоши навики во исхраната доколку детето јаде многу грицки и слатко пред главниот оброк.

Евентуална агресивност на родителите кога е во прашање хранењето.

Нередовните оброци исто така го намалуваат апетитот. Кога детето ќе наполни една годинка повеќе е заинтересирано за истражување на просторот отколку за јадење. Секоја промена на вообичаените околност исто така пречат во исхраната.

 


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…