Причини за постојана поспаност

Предолгото спиење научниците го поврзуваат со разни заболувања, како Алцхајмерова болест, депресија, дијабетес, па дури и болести на срцето.
Се поставува прашањето што е причината за хиперсомнија или претеран сон? Новите истражувања укажуваат дека кај некои пациенти тоа е предизвикано од дисфункцијата на ГАБА – хемии во мозокот задолжени за сонот, која кога ја има премогу делува како анестезија.

Сепак, за поголем дел од луѓето претераното спиење всушност е резултат на недостиг на сон или лошо спиење, а најчесто е всушност знак за хронична исцрпеност.

Претераното ’рчење, губење на здивот, заморот во текот на денот, компјутерите, мобилните и тв во спалната соба, се главни причинители за лош сон кој може да доведе до претерано спиење.

Со неколку совети можете да промените оваа состојба…

Јадете во одредено време, пробајте да спиете во целосен мрак без никакви апарати во вашата соба, поминувајте повеќе време на сонце и свеж воздух. Погрижете се да јадете поздраво, да не конзумирате алкохол.

Одете порано во кревет, односно поместувајте го секој ден одењето на спиење така што во текот на четири дена по петнаесет минути порано ќе си легнете додека да не дојдете до саканиот час.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk