Проблеми кои ги предизвикува сувиот воздух во домот

Објавено на: Jan 11, 2017 од Мама Весна

Сувиот воздух дополнително ја суши вашата кожа, а можат да се појават и многу респираторни проблеми и проблеми со очите. Со тоа, сувиот воздух може и да една од причините за појава на астма кај децата.

Освен растенијата, врз сувиот воздух може да влијаат и навлажнувачите и апаратите за одвлажнување. Додека апаратите за одвлажнување го намалуваат нивото на влажност во вашиот дом, навлажнувачите се одлично решение за сув воздух.

Ова се здравствените проблеми кои може да ги предизвика сувиот воздух:

– Предизвикувач на астма кај децата
– Појава на бронхитис
– Можно крварење од носот поради исушена носна слузница
– Постојана дехидрација на организмот
– Полесна зараза со вируси и бактерии бидејќи е оштетена носната слузница
– Воспаление на синуси
– Иритација на очи

Сувиот воздух е голем проблем во текот на зимата поради греењето и несоодветната вентилација. Поради тоа, во текот на овие месеци, потребно е да водите посебна грижа за воздухот во вашиот дом, а тоа најдобро ќе го направите со помош на апарат за навлажнување.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…