Промена на нивото на хормоните во зависност од фазата на менструалниот циклус

Самиот менструален циклус вклучува неколку полови хормони, кои во зависност од фазата на циклусот се во константна промена.
Веднаш по почетокот на менструалниот циклус, кога ќе започне крварењето се излачува FSH хормонот кој ги стимулира фотикулите. Овој хормон им сигнализира на јајниците дека е време вреќичката во која се наоѓа јајце клетката да се подготви за овулација.

Една од фотикулите се развива и при тоа се лачи хормонот естроген. Тој делува на тој начин што ја згуснува слузокожата на матката правејќи ја погодна за прифаќање на оплодената јајце клетка.
Кога нивото на естроген е доволно висок , во организмот се ослободува хормонот специфичен за лутерната фаза LH. Овој хормон им укажува на фотикулите дека јајце клетката треба да биде ослободена во јајцеводот. Јајце клетката потоа е спремна да се оплоди во период од 24 часа.

Доколку јајце клетката се оплоди во тој временски период тогаш таа се вгнездува во здебелената слузокожа на матката и настапува бременост. Но, доколку јајце клетката не се оплоди, односно жената не забремени тогаш приближно после две недели од овулацијата таа добива менструација.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk