Протеините од кравјо млеко можно е да се излачат и во мајчиното млеко

Некои протеини кои во телото на мајката доаѓаат преку исхраната во извесна количина можат да се излачат во мајчиното млеко и на тој начин да влијаат врз дигестивниот систем на бебето.
Најчесто станува збор за протеините од кравјото млеко. Протеините од кравјото млеко можат да предизвикаат проблеми особено кај помалите бебеиња како што се грчевите и појава на нетолеранција на млечни белковини, односно нетолеранција на лактоза.

Излачувањето на протеини од кравјото млеко се случува во поголема мера кога млекото и млечните производи што ги консумира мајката не се пастеризирани и термички обработени.

Кога протеините од млекото и млечните производи поминуваат низ термичка обработка тогаш не се очекува нивно излачување во мајчиното млеко.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk