Пушењето ги зголемува шансите бебето да заболи од шизофренија

Објавено на: May 26, 2016 од Мама Силвана

Истражувањето спроведено во Финска покажува дека жените кои биле изложени на чад од цигари имаче поголеми шанси да родат деца кои подоцна ќе развијат некои ментални болести.

Високото присуство на никотин во крвта на мајката се поврзува со 38 проценти поголема шанса, детето да развие шизофренија.

Научниците до оваа информација дошле со анализа на податоците за илјада пациенти заболени од оваа болест.

Станува збор за прва студија која тоа го докажува.

Претходно беше докажано дека мајките кои пушат имаат поголема шанса да добијат деца со биполарно пореметување.


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…