Пченката е одличен избор на храна за дијабетичарите

Пребогата со растителни влакна и непробавливиот скроб пченката се смета за идеален оброк за сите оние кои имаат проблем со регулацијата на нивото на шеќер во крвта.

Научно е докажано дека таквите намирници го намалуваат покачениот холестерол и спречуваат на појава на рак на дебелото црево.

Таа помага и против пореметувањата на дигестивниот тракт, а особено е препорачлива во случај на пролив и напнување. ( Токму скробот е тој што ја стврднува столицата )

Мала количина на пченка може да ја неутрализира желудечната киселина, па се препорачува кај особи кои боледуваат од гастритис и улкусна болест.

 

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk