Работи кои не смеете да и ги кажете на вработена мајка

Објавено на: Sep 02, 2016 од Мама Весна

Некои реченици ги нервираат и растажуваат мајките кои, покрај тоа што ги воспитуваат и негуваат своите деца, секој работен ден одат и на работа. Дознајте што не смеете никогаш да им кажете или да ги прашате.

Не би можела да ги оставам децата на друг. “Не би можела ни јас”, ќе помисли тогаш Вработената Мајка. “Затоа ги одгледувам и воспитувам.”

Би сакала и јас да можам да побегнам од обврските. Вработената Мајка тогаш ќе се запраша: “Дали службените телефонски разговори, состаноци, трпење на нервозата на шефот и прекувремената работа – се бегство?”

Ама твојот сопруг е многу успешен! “Да. И јас сум”, ќе помисли тогаш Мајката.

Барем можеш да бидеш мајка ноќе. “Да”, ќе рече Вработената Мајка, “И наутро и попладне. Исто како тебе.”

Сигурно му недостасуваш на детето. Вработената Мајка тогаш ќе помисли: “Ми недостасува и тоа мене, но го правам ова за него.”

Можеби детето ќе ти беше попристојно, ако си почесто дома. “Можеби тебе, да не си толку непристојна”, ќе помисли Мајката.

Ако се откажеш од луксузот, нема да мора да одиш на работа. “Храна, струја и кров над глава се луксуз?”, ризикувате да бидете прашани доколку ова го кажете на Вработената Мајка.

Ако не сакаш да бидеш родител, зошто тогаш си родила дете? Вработената Мајка највеќе од се се ужаснува од ова прашање. “Зошто трудот да заработам за храна и облека, не се смета како дел од родителството?”

Мене би ме гризела совеста. “Епа, тогаш е супер што не сум ти.”


Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk



Коментари

Би можело да ве интересира и…