Радикалните промени на тежината се најголемата причина за појава на стриите

Секоја радикална промена на нивото на телесната тежина може да предизвика појава на стрии на кожата.

Според тоа, најдобриот и најефикасниот начин да го намалите ризикот од појавување стрии е едноставен- внимавајте на својата исхрна и на честите осцилации во тежината.

Ако веќе се појавиле стрии, процесот на ослободување од нив е тежок и макотрпен, особено доколку не сте упорни.

За да се ослободите од стриите, морате да бидете многу упорни и дисиплинирани, особено ако користите домашни третмани со кремови.

Важно е кремот да се нанесува најмалку двапати дневно на критичните места.

Кремовите нема толку да дејствуваат на постоечките стрии ( освен што значително ќе го намалат нивниот интензитет и видливост ) но ќе дејствуваат превентивно против настанување на нови.

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk