Развојот на децата и благодетот од монтесори програмата

Монтесори програмата е основана од страна на педијатарот Марија Монтесори уште во 1907 година. Монтесори програмата го нагласува фактот дека секој човек треба да ја пронајде својата улога и целта на постоењето во животот.

Педагогијата заснована на овој метод смета дека детето од раѓањето па се додека не наполни шест години има тн “впивачки ум” и дека оваа способност на ментална апсорпција им овозможува на децата да учат на својот мајчин јазик, да им се подобрат моторичките способности и да усвојат одредени правила на однесување.

Според Марија Монтесори, децата во текот на развојот поминуваат низ одредени фази, односно периоди на ментален наплив. Менталната способност е таа што ја одредуваат специфичноста на периодот и го прави идеален за развој на вештини и способности кај децата , специфични токму за тој период. Кога се работи според Монтесори принципот тогаш најчесто се формираат групи и се практикува групна едукација каде што не постои еден едукатор, децата се поттикнуваат истовремено и да бараат помош при решавањето на некоја задача и да нудат помош.

Материјалите во духот на Монтесори кои се користат во образованието се пред се дидактички материјали кои им нудат поинаква можност на децата да абсорпција на нови знаења и развој на нивната свест. Во принцип тие се поставени насекаде низ просторот за учење што придонесува детето со самото влегување во просторијата да се потсети на своите познавања и да одбере нова задача што треба да се совлада по свој избор ( освем ако не е поинаку наменето од надлежното лице )

Во рамките на предучилишните образовни програми постојат четири главни области на кои се однесува Монтесори програмата.

1. Оспособување на децата за практичен живот: пр. децата учат како се врзуваат врвките на чевлите, како да се здипли облеката, како самите да јадат, учат да одат во тоалет без ничија помош и сл.
2. Учење преку употреба на сетилата: Децата преку користење на сите пет сетила стекнуваат знаења од областа на природната животна околина.
3. Усовршување на јазичните вештини кај детето: Децата се охрабруваат да се изразуваат вербално и да научат да ги препознаваат буквите поединечно за подоцна да научат да читаат и да пишуваат.
4. Математика и геометрија: Децата ги учат броевите со помош на специјални Монтесори материјали

Петтата област која сеуште не е начелно класифицирана сепак не треба да се игнорира. Таа се состои во посветување внимание на музиката, уметноста, животните, географијата и сл .

 

Facebook Comments
Мама365.мк ги задржува сите авторски права. Оваа содржина НЕ смее да се копира, размножува или на било кој друг начин да се дистрибуира без писмено одобрение од мама365.мк. Превземањето може да се врши ЕДИНСТВЕНО со наведување на мама365.мк како извор на содржината, со линк до соодветната содржина поставена на изворната страна www.mama365.mk